Катарина Живковиќ беше затечена во еден салон за убавина, каде што направи нова промена на нејзиниот изглед.
Пејачката легна на стол каде што беше подложена на најпознатиот третман во светот, со кој ги исполни усните со 100% природен хиелурон.
Штом заврши, доби и подарок од салонот, па видно расположена продолжи понатаму да се „разубавува“.
Инаку, од почетокот на кариерата до сега, Катарина Живковиќ го смени нејзиниот изглед до непрепознатливост. Пејачката е во јавноста со години, па многумина се сеќаваат на нејзините почетоци. Таа победи во реалното шоу „Фарма“ во 2010 година, и оттогаш нејзината пејачка кариера тргна нагоре.
Со години, Катарина го “редефинира“ својот изглед, а денес, по многу силикони и пластика, таа ги донесе своето тело и лице до совршенство.
Но, она што го знаат и паметат гледачите, е природниот изглед на поранешната млада ѕвезда на „Гранд“ која се појави во 2007 година, кога сè уште беше девојченце.
Тогаш беше русокоса, изгледаше едноставно и делуваше многу скромно.