Младата пејачка Теа Трајковска е една од малкуте познати Македонки што добиваат позитивни коментари во поглед на модниот печат од Сергеј Варошлија во неговата емисија „Мода“.
Теа неодамна на јавноста и го претстави спотот за песната „Која сум јас“, а во прилог на видеото таа на Инстграм објави провокативна фотосесија, а фотографиите не ги заобиколи Сергеј, па делумно ги искоментира позитивно.
Сепак, имаше една забелешка која и ја посочи на пејачката и оние што ја стилизираат.
Имено, на познатиот македонски моден критичар не му се допаднаа веѓите на Теа, па ја посоветува и дури се сети дека таа може и да ги избричи веѓите, но тоа би било тешко за носење.
-На Теа ќе и дадам добронамерен совет. Некогаш греши со веѓите, треба малку повеќе да ги потенцира. Кој и да ја шминка нека ги истакне малку ваѓите за да и го заокружи целиот изглед на нејзиното лице. Поради тоа што таа има специфично лице, кое што или треба да има конкретна веѓа која што е убаво изработена или треба да го одбере оној изглед кога немате веѓи. Но нека не го бира тоа, затоа што е многу тежок за носење и ретко кој може да си го игра тоа, кажа Сергеј.
Колку Теа ќе го прифати советот и ќе ја направи промената на себе, останува да видиме…