Семејството Кардашијан-Џенер може да се пофали со милионско богатство. Познатите сестри имаат се на дофат и можат да си дозволат се што ќе посакаат. Сепак и покрај богатството со кое располагаат, не ги спречило Клои и ким да украдат очила за сонце од бутик на „Диор“.
-Бевме на семеен одмор на Хаваи и во таа прилика посетивме еден бутик на Диор. Бидејќи не знаевме каде е продавачката одлучивме да ги земеме очилата и да си одиме, раскажаа, а Ким додава дека ги обожава тие очила.
-Преслатки се! Морав да ги имам. Тој настан беше пресмешен, вели Ким Кардашијан.
Сепак, обожавателите не беа воодушевени од ваквото признание, па им порачаа дека на личноста која била вработена сигурно не и било смешно кога видела да скапите очила ги нема.