Кралицата на попот Мадона (60) ќе биде специјален гостин на претстојната Евровизија во Израел која ќе се одржи од 14-ти до 18-ти мај.
Мадона ќе изведе две песни на сцената каде ќе се натпреваруваат претставниците на повеќе од 40 земји. Пејачката за настапот ќе заработи повеќе од милион ипол евра, а нејзиниот перформанс треба да трае од шест до седум минути.
Откриено е дека на сцената заедно со пејачката ќе има 160 танчари, а многумина нејзиниот настап го прогласија за најскапиот во историјата на Евровизија.
-Мислам дека нејзината појава од неколку минути е преценета, коментираат на социјалните мрежи. Мадона веќе настапуваше во Израел во 2009 и 2012 година во рамките на својата светска турнеја.
Потсетуваме, годинешната Евровизија ќе се одржи во Тел Авив, бидејќи минатата година во Португалија, израелската пејачка Нета Барзилаи (26) победи со песната „Toy“.