Американската кралица на поп музиката, Мадона, ќе настапи како специјална гостинка на изборот за песна на Евровизија 2019 година која ќе се одржи во Израел, објавуваат нејзините претставници.
Промоторите на концертот „Live Nation“ и претставниците на пејачката ги потврдуваат објавите на израелските медиуми за настапот на Мадона.
Таа ќе изведе две песни на евровизија каде ќе настапат претставници од повеќе од 40 земји.
Инаку, Мадона веќе настапуваше во Израел во 2009 и 2012 година во рамките на својата светска турнеја.
Таа веќе неколку месеци го подготвува новиот албум чие име се уште е непознато.