Огнен Здравкоски ни е познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во новата сезона на музичкото шоу, кандидатите имаат свои ментори кои им помагаат и работат со нив.
Огнен е во групата со Марија Шерифовиќ и успеа да стигне во третиот круг каде во дуел ќе се бори против Самед Џело од групата на Драган Стојковиќ Босанац.
Деновиве, Огнен се подготвува за следниот круг и емисијата во кој треба тој да настапува, па преку социјалните мрежи се советува со следбениците.
Од друга страна, ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ ја издаде својата нова песна „Ране“ која за краток период има над 17 милиони прегледи.
Песната и новиот видео запис на Ражнатовиќ добива пофалби како од нејзините фанови, следебеници, така и од јавните личности.
Меѓу нив и Огнен Здравкоски кој јавно и поласка на ќерката на Цеца.
Имено, тој во кратките приказни на „Инстаграм“ ја сподели „Ране“, а во описот напиша „се заљубив“.
Секако, Здравкоски мисли на тоа дека се заљубил во песната, како и многу други кои ја слушнале.
Дали Анастасија ќе го види овој коментар и ќе одговори останува да видиме.