Во 2010 година титулата за најубава Македонка ја понесе атрактивната црнокоса Стефани Борсова, а потоа нејзиното лице и маркантна појава можевме често да ги гледаме на телевизија и на насловните страници.
Но, ова не треше многу долго, бидејќи Стефани набрзо по изборот се омажи во Србија, потоа роди син и се повлече од јавноста.
Сепак, македонската јавност и медиумите не ја заборавија, па понегогаш се појавуваше по некоја статија за македонската убавица која не остана незапаметена ниту за српските медиуми кои и денес пишуваат за неа.
Имено, Стефани за еден српски поратал открива дека повторно ќе се оствари во улогата на мајка, а нејзиното семејство ќе се прошири.
Денес таа води мирен и повлечен живот во Сремска Митровица, а од неодамна наводно е сопственичка на кафуле во истиот град.
Дали оваа наша убавица ќе стане мајка на уште едно момче или пак девојче, засега е непознато.