Радио Милева непристоен предлог

Бугарската тинејџерска атракција Сузанита би пробала тројка в кревет (ФОТО)

Бугарската тинејџерска атракција Сузанита би пробала тројка в кревет (ФОТО)

„Јас би пробала во тројка, досега тоа не ми се случило“ –  отворено признава пејачката Сузанита. Скандалозната убавица е се’ послободна, не само на  социјалните мрежи, туку и во животот, пишува “Бугарија денес”.

Тинејџерската атракција, кој има десетици илјади следбеници меѓу тинејџерите, покажува шокантно однесување. И далеку од тоа дека може да се нарече пример, особено за помладата генерација.

А, со срамното однесување доаѓаат и непристојните предлози кои Сузи ги прима на дневна основа. Тинејџерката добива речиси постојано перверзни понуди, што и е очекувано поради нејзините постојани провокации на социјалните мрежи.

Сузанита, сепак, се обидуваше да ги одбие, бидејќи таа не паѓала на такви работи.

“Постојано ми нудат пари за интимни бакнежи. Запрете се бре, луѓе! Нема да се согласам ниту по час, ниту по 5 часа, ниту за еден ден или недела. За каква и да е сума. Пари си заработувам и не ми е гајле за вашите хартии” – изјавила  пејачката откако добила на Интернет  уште една непристојна понуда.

И покрај тоа што е цврсто против принципите  да  легне со некого за пари, Сузанита воопшто не се срамува да признае дека нема против и не и е гајле што ќе речат за необврзувачка врска за една вечер. Освен ова, девојката открива и други „пикантни желби“ за интимниот живот и вели дека дури  во моментов има врска, но не ја сфаќа сериозно.

Пред некое време, Сузанита рече дека зборот скандал е нејзин заштитен знак и дека тоа е тајната на нејзиниот успех. Но, во исто време признава дека колку и срамно и слободно однесување да манифестира, родителите и се доста строги и и’ забраниле употребата на било какви опојни средства како алкохол и дрога.

Меѓутоа, на социјалните мрежа редовно осамнуваат фотографии на непослушната Сузи, на кои пие алкохол или пуши марихуана. Тинејџерката вели дека е благодарна на нејзиното семејство, бидејќи од нив научила што е  чесност, искреност и почит кон обожавателите.

За критиките дека пречесто се фотографира  полугола, таа вели дека во тоа не гледа проблем, бидејќи дури и помали од неа го прават.

“Постојат стотици разголени момчиња и девојки на Интернет. Зошто не се зборува за нив. Разликата е во тоа  тие не се познати или не се деца на познати родители, а јас тоа сум” – заклучува  Сузанита.

Извор: Новини.бг

Фото: Инстаграм принтскрин

 

To top