Холивудската ѕвезда Салма Хајек (52) пристигна во Ровињ, каде што се снима продолжението на “The Hitman’s Bodyguard” – “The Hitman’s Wife’s Bodyguard”. Актерката се огласи од овој град во Истра и објави заедничка фотографија со колегата Самуел Л. Џексон (70), во чија прегратка е снимена, кој исто така глумеше во ова филмско остварување.

„Стигнавме на магична локација“ – напишала Салма и објавила фотографија.

Семјуел Л. Џексон исто така објави фотографија со кадар од Ровињ и сугерираше дека му се допаѓа Хрватска.


„Оваа локација изгледа ветувачки. Хрватска е убава уште на прв поглед“ – пишува Џексон.

Покрај Салма и Самуел, во Ровињ ќе има уште една холивудска суперѕвезда, Рајан Рејнолдс (42). Сите ќе играат во филмот “The Hitman’s Wife’s Bodyguard” кој ќе биде премиерно прикажан во кино салите следната година.