Емина Јаховиќ моментално престојува во Белград, а пред обожавателите овој пат се претстави во издание какво немале прилика да ја видат досега – додека ги извршува домашните обврски.
Емина објави снимка на која чисти со правосмукалката и се пошегува дека на тоа ја натерала нејзината сестра.
-Се вратив во детството, под контрола на мојата сестра – напиша пејачката за снимката.
Инаку, неодамна Емина Јаховиќ откри дека се пресели од вилата каде живееше со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, а сега со децата живее во помала куќа која се наоѓа во билизина на новиот дом на Мустафа.