Пејачката Александра Пријовиќ –Живојиновиќ се породи и на свет го донесе синот Александар, а изминатиот викедн заедно со саканиот сопруг Филип, се прошета покрај езеро, каде уживаше во сончевиот априлски ден.
Александра објави фотографија која е снимена на езерото популарно наречено Ада Циганлија, каде се шеташе со сопругот.
-Последните 10 месеци засекогаш ќе ги паметиме… поминавме низ најубавите моменти во нашите животи… уживаме во одморот кој трае уште неколку дена, а тогаш следи враќањето на работа! Песните се подготвени и очекувајте многу убави изненадувања. Се дружиме од јули со нова енергија и многу љубов! Ве сака Александра- напиша пејачката.