Откако се омажи и стана мајка, младата пејачка и некогашна претставника на Македонија на Евровизија, Јана Бурческа, доста се промени.
Иако е активна со настапи, како и со ангажманот на водителка на музичката емисија „Стисни Плеј“, од Јана извесно време не сме слушнале нешто ново на музички план.
Бидејќи сега редовно се појавува на телевизија, таа е поактивна и на социјалните мрежи, а не ретко знае да сподели и некој момент од подготовките за пред камера.
Имено, Јана на својот профил од социјалните мрежи објави фотографија пред и потоа од шминкерското столче, а од приложеното може да се види впечатлива трансформација.
Пејачката и водителка со ова покажа дека не е од оние кои по никоја цена не се појавуваат јавно без шминка, туку напротив, гордо го покажува своето природно издание.