Лила се врати од Турција… Па од волшебната кападокија право влета во емисија. Зашто банкарот не може да чека, натпреварувачите уште помалку, а гледачите воопшто. Или што би рекле – ич! А кога е во прашање Лила од „Се’ или нешто“, водителката најчесто дава се’… од себе! Затоа и ова квиз шоу е толку гледано, трае повеќе сезони и е многу популарно кај ТВ гледачите.
Арно ама, напорот од серијата снимања, понекогаш и понеколку емисии о денот, треба да се издржи… А потоа, време е за себе. Зашто као што самата Лила вели: „Убавината е во тоа кога можеме да се цениме себе си“! А таа Бога ми, си се цени… И пази, внимава на себе, се одржува… И тело и душа!
Затоа минатиот викенд, водителката знаеше каде и како да ужива… Патем и во чии раце да се препушти, за целосно уживање и комплетно задоволство. Волшебно будење на сите сетила и задоволство какво што досега водителката не осетила. Или го чувствува само таму кога присуствува! А присуствуваше и оваа сабота, за да се одмори од работа.
На оние што им требаше, знаеа каде да ја најдат… Гола и опуштена, Лила има срце за сите… Едно што чука во гради, другото… нацртано одзади!
„Освен што уживам во најновите третмани и методи за убавина каде што се им препуштам на вештите раце на моите драги девојки , од денес уживам и во новиот реновиран амбиент пријатен за уживање и опуштање на сите сетила…денес на кој му требам ќе ме најде тука … дека сабота“ – напиша Лила на својот Инстаграм.
И така сите дознаа кај беше и што правеше водителката во саботата! Ама затоа остана мистерија, така опуштена, измасирана и релаксирана, на чии раце Лила им се препушти целата во неделата?