Мегафон

„Како вистинска античка хероина“: Васил Зафирчев со емотивен статус се прости од актерката Билјана Беличанец

„Како вистинска античка хероина“: Васил Зафирчев со емотивен статус се прости од актерката Билјана Беличанец

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, потврдиуваат од МВР.

Нејзините колеги и колешки преку социјалните мрежи се простуваат од актерката.

Актерот Васил Зафирчев преку статус на својот Фесјбук се прости од Беличанец.

„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша Зафиречв.

 

Билјана Беличанец – Алексиќ е поранешен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа беше и театарска, телевизиска и филмска актерка.

По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

фото: фејсбук

To top