На 28ми, 29ти и 30ти декември ќе се одржи предновогодишен хепенинг под наслов “Размрдај го ГТЦ”, на кој ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и ДЈ-и. Посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои е подготвена специјална детска програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања. Новогодинешните празници и еуфоријата која со себе ја носи овој период од годината, е идеален за почеток на креирање на свечениот празничен дух на ГТЦ.
Настанот ќе се одржи на две сцени (по една на двата влеза) и тоа: На влезот од кај плоштад Македонија ќе биде главната бина, додека на влезот кај Соравија е поставена ДЈ сцената. Водител на програмата ќе биде Нора Шаќири.
Распоред на програмата:
28.12. (четврток)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Бени и Нон Стоп (13-15ч)
– The Ringtones (15-17ч)
*Dj сцена:
– Мартин (Antenna5) (12-14.30ч)
– Вера Јанкович (14.30-17ч)
29.12.(петок)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– ДНК (13-15ч)
– Thea and the Band (15-17ч)
*Dj сцена:
– Маци Стојанович (12-14.30ч)
– Irie Scratch (14.30-17ч)
30.12 (сабота)
*Главна сцена:
– Детска програма (12-13ч)
– Златко Ориѓански & Бени (13-15ч)
– Bendover (Кума и Црни) (15-17ч)
*Dj сцена:
– Драган б. Костиќ (12-14.30ч)
– Цена (14.30-17ч)