Пејачката Наташа Беквалац вредно работи на своите настапи, а покрај тоа е дел од жирито на „Пинкови ѕвездички – all stars“.
Беквалац откри дека одлучила да внесе промена во својот живот на која е многу горда.
„Почнав да вежбам, да се хранам здраво, убавите работи привлекуваат убави работи“ вели пејачката за „Премиера“.
Таа вредно работи и на својот нов албум, а што се однесува и до соработниците и таму одлучила да направи промена.
„Полека, без притисок, ништо на сила, работам со многу интересни луѓе, нови млади, свежи и верувам дека ќе биде нешто убаво. Филозофијата на успешните луѓе вели дека секоја промена е добра, менувате екипа, добрата енергија секогаш е добредојдена и од се тоа испадне нешто добро, а јас се чувствувам одлично“ вели Беквалац.
Кога станува збор за мајчинството вели дека со старата ќерка е многу построга.
„Тој принцип дека ние сме другарки кај мене не поминува, таа има свои другарки, јас имам свои, јас сум и мајка и многу сум строга“ вели пејачката и додава:
„Околу математика нема да и помагам бидејќи отсекогаш сум имала стресови околу математика и хемија, тоа некако не ми одеше“ вели Наташа.