Радио Милева песната може - пејачката не?

Анета Наковска распали по челниците на фолк фест „Валандово“ дека ја одбиле да пее како „неподобна и непожелна“ оти била против власта… па, пејачката потоа се попишмани? (ФОТО)

Анета Наковска распали по челниците на фолк фест „Валандово“ дека ја одбиле да пее како „неподобна и непожелна“ оти била против власта… па, пејачката потоа се попишмани? (ФОТО)

Прд ден-два македонската фолк пејачка Анета Наковска го изрази своето незадоволство зашто била одбиена да пее на фолк фестивалот „Валандово“.

Имено, Наковска уште минатата година конкурирала со своја песна која не била примена, а годинава требала да ја изведува песната на еден наш познат композитор, која Советот на фестивалот и стручната селекциона комисија ја примиле.

Но кога нејзиниот прв човек кого пејачката го прозива, ја слушнал песната, рекол дека таа може да помине, ама пејачката – никако! Наводно, како што тврди и самата во своето првично објавено писмено обраќање, слушнала дека за  фестивалот таа е „неподобна“ или поточно „непожелна“ заради своите политички ставови, односно заради тоа што не ја поддржува власта!

Сиот свој гнев и револт фолкерката реши да го раскаже јавно преку социјалните мрежи во својата приказна, која и ја објави на својот Фејсбук профил. Во неа таа децидно вели:

„Хммм, изгледа дојде време да се обелоденат некои вистини… Пред многу години, кога татко ми го правеше фестивалот Тримери, Копров му понуди да ми изработат цел албум за мене заедно со аранжерот Живојин Глишиќ... Нејсе, прво тој се сложи и му остави машала голема сума како капар, но потоа подобро размисливме дали е добро за еден пејачда има цел албум со еднолични песни само од еден ист композитор и аранжер направени и се пишманивме… Инаку, за тоа беа побарани навистина големи пари нормално… капарот се разбира си остана кај нив… Е сега многу години подоцна, истиот тој Глишиќ го ставаат главен на уметничкиот совет на фестивалот Валандово, поточно од лани… и минатата година јас дадов моја песна, беше одбиена…ОК… Оваа година добив понуда да пејам песна од еден прекрасен и многу почитуван композитор. Да ја пејам неговата песна која што е примена на фестивалот и јас со задоволство ја прифатив. Но, јас сум била непожелна на фестивалот, дознав во меѓувреме, бидејќи сум била против власта како прво, а како второ не сум била пејачка по вкус на Глишиќа? Немала ниту една по негов вкус па песната морала да се преправи за машки текст! Значи пред повеќе години кога требаше да земе големи пари од мене му бев по вкус за цел албум да ми направи, а сега не…!? Па добро бре до каде со оваа беда и мизерија во умот и душата мислат да стасаат луѓево? Зарем не мислат дека утре ќе си заминат од тоа место на кое се сега и што потоа? јас и понатаму ќе творам, ќе пишувам песни и ќе пејам, но тие со овој ум не знам каде ќе бидат? Жално и многу ниско, баш во нивни стил: Не си ни поддржувач – немаш пристап никаде… хе, хе, хе…“ – пишува во својот Фејсбук профил Наковска!

Но, види чудо, само неколку часа подоцна итиот тој текст во вид на Фејсбук статус „исчезна“ од социјалната мрежа, поточно од нејзиниот профил?! Таа самата или некој друг го избриша во нејзино име?

Дали фолкерката се уплаши, размисли па се премисли, се попишмани? Или едноставно реши како и претседателските избори – да го бојкотира и Фолк фест „Валандово“?

Наковска е на потег да објасни што се случи со нејзиниот фејсбук статус?! Како и проф. Живојин Глишиќ, зошто песната може да биде изведена, ама Анета Наковска НЕ може да (ја) пее на „Валандово?“

To top