Тамара Тодевска во Тел Авив ќе настапи на 16-ти мај на Евровизија во втората полуфинална вечер со песната „Proud“, која е авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров.
Дотогаш преостанува нешто повеќе од еден месец, а Тамара интензивно работи на себе пред да застане на евровизиската сцена. Со оглед на тоа дека се породи пред три месеси, таа работи на враќање на линијта, што очигледно добро и оди.
Тодевска се почесто е на третмани во салони за разубавување, а деновиве применува такви за намалување на пределот кај стомакот и затегнување на кожата на вратот и образите.
Фотографиите од третманите каде е легната и покриена со крпа, ги објави на својот инстаграм профил, а како дополнување напиша што точно се прави на неа.
Инаку, неодамна Тамара за првпат го посети Тел Авив каде што беше снимена разгледницата на Македонија, која ќе биде пуштена пред нејзината изведба на „Proud“.