Некогашната македонска ТВ водителка и трендсетерка се’ уште престојува во Дубаи. Приватно, работно, замината да печали или едноставно да ужива, македонската убавица јавно не открива.
Она што може да се види е дека постојано е подготвена за добар провод, без оглед дали е во прашање ноќна журка или дневна забава…
Патем, во убавините на Емиратите, оние природните и оние вештачко создадените и изградените нели, Мели знае како да ги вклопи сопствените телесни убавини… И оние што на себе ги носи благодарение на мајката природа, како и оние бујни атрибути ги што ги има благодарение на врвните достигнувања на естетската хирургија.
Како и да е, она што секојдневно го нуди постирајќи нови фотографии на социјалните мрежи, некого ќе го наежи, некого, го возбудува, некого излудува… Зависи кој како ја доживува и кој како ќе ја сфати, оваа македонска убавица моментално лоцирана во Обединетите Арапски Емирати.
А, Мелита не би била тоа што е, ако не знае да изненади и од пантолани да ве извади. Овој пат, случајно или намерно, Мели ги сменила улогите па приложи чудни фотографии: облечена на плажа, разголена „по дома“!?
Фотографирана во шарена блузичка со долги ракави, а од половина надолу во долен дел од црно бикини на ситниот песок на плажата, Мелита ги зачуди сите што од неа го очекуваа токму спротивното!?
Ама затоа, веќе следниот ден стигна „фото компензација“ за сита душегрижници и Инстаграм корисници.
Ако претходно Мелита беше во блузичка на плажа, сега ги почести разголена „по дома“! Дискретниот шарм на подѕирнатата брадавица на македонската убавица која срамежливо ѕирка од градникот од тантела, е само јаготка на шлагот! За влажни погледи на туѓите очи!