Пејачката Сека Алексиќ дојде до одлична идеја како да ја редуцира гардеробата и аксесоарите кои ги има.
Како и многуте јавни личности, Сека има огромен гардеробер, преполн со разни парчиња облека и додатоци, а како што вели самата некои се носени само еднаш или воопшто не се носени.
Имено, пејачката на својот Инстаграм на своите обожавателки им ја откри новоотворената страница на социјалната мрежа, каде дамите кои што сакаат може како подарок да добијат некое парче.
-Драги мои жени, дојде време за нешто за кое долго размислував, нешто што баравте од мене и нешто кое дефинитивно е добра идеја. Време е да се решам од облеката која не ја носам„ овде ќе објавувам фотографии, видеа од одредени парчиња облека, обувски и чанти. Ќе има и облека со етикета која никогаш не е носена. Дефинитивно ќе има по нешто за секого како со кроеви, така и со броеви, пишува Сека Алексиќ.