Синот на Лепа Брена денес на своите следбеници и обожаватели им ја најави новата песна и спот насловена „Од вечери до јутра“.
Како најава, тој објави тизер од спотот и неколку фотографии од видео приказната.
-Уште само еден ден не дели од премиерата на спотот за новата песна „Од вечери до јутра“. Четврток 04.04. 12 часот , Јутјуб канал – Стефан Живојиновиќ. Едвај ги чекам вашите коментари, порачува младиот пејач.
Имено, кога на прв поглед ќе се видат фотографиите, прва асоцијација е дека нешто изгледа е познато.
Па така, кога подобро ќе погледнете и „премотате“ низ меморијата, можеби ќе се сетите дека овие фотографии потсетуваат на приказната од филмот „Green book“, кој годинава зема Оскар за најдобар филм.
А како ќе изгледа целосното видео, останува да видиме…