Меган Маркл и принцот Хари наскоро ќе станат родители на нивното прво дете, а во медиумите често се појавуваат шпекулации околу породувањето, полот и името на бебето.
Меѓутоа, сега војвотката и војводата од Сасекс донеле важна одлука која ги израдува нивните фанови.
Имено, тие одлучија да отворат заеднички профил на „Инстаграм“ каде што ќе ги известуваат своите следбеници за активностите.
„Добредојдовте на нашиот заеднчки профил на „Инстаграм“. Однапред се радуваме на нашата соработка, важни објави и можност да се фокусираме на важни прашања. Ви благодариме на поддршката. Хари и Меган“ пишува во објавата.
Покрај тоа, познатиот пар објави и неколку фотографии од заеднички патувања.
Досега тие следат неколку страници на разни организации и официјалните профили на британскиот двор.