Реља Поповиќ никогаш јавно не зборуваше за неговото семејство. На патот кон градење на својата естрадна кариераа, само неколкумина знаеја дека тој бил син на еден од најголемите икони на југословенската филмска култура. Како момче на две години, тој останува без татко и живеел со својата мајка. До нејзината смрт, не беше познато дека таа е познатата балерина, Зоја Беголи.
Зоја беше балетската икона на Народниот театар во Белград. Таа беше прв солист на балетот и долгогодишен репетитор, наставник во балетско училиште и професор на Академијата за уметности. По долго и тешко боледување, Зоја почина на почетокот на јануари 2017 година.
Во историјата на културата, исто така, е запаметен по љубовна приказна со познатиот југословенски актер Фарук Беголи. Зоја и Фарук биле во брак 18 години, а балерината го задржала неговото презиме и кога тие се разделиле.
„Не зборувам за љубов, бидејќи имав само една вистинска љубов и брак. Бевме заедно 18 години. Мислам на балерината која се’ уште го носи моето презиме. Кога беше готово останаве пријатели. Се слушаме по телефон повремено. Најмногу се слушавме за време на војната. Кога ќе сфатиме дека сме добро и таа и јас, се помалку и помалку се слушавме. Јас сум и благодарен што му даде љубов, благодарен сум и за нејзиното разбирање, љубовта, бракот , прекрасно дружење… Со неа минав прекрасен дел од животот“ – изјавил Беголи во едно интервју непосредно пред неговата смрт. Фарук Беголи почина во Приштина на 23 август 2007 година.