Анџелина Џоли со години ја шокира јавноста со својот изглед, а се бранеше дека килограмите ги изгубила поради стрес кој го чувствувала по смртта на мајка си и поради разводот со Бред Пит.
„Дејли мејл“ пишува дека за драстичното губење на килограмите е заслужна диета која се темели на јаткасти плодови и семиња, поради кои наводно ослабела 15 килограми. Анџелина е висока 170 сантиметри, а пред една година наводно имала само 40 килограми.
Таа тврдеше дека киноа, чиа и хељда и помагаат да ја одржува линијата и обожава да ги јаде. Се шушкаше дека тогаш внесувала само 600 калории дневно.
-Денот го започнува со лажица кокосово масло и семки, вели извор за магазинот „Мери Клер“.
-Некогаш го прескокнува ручекот или само јаде малку бадеми или гумени бонбони. Повеќе сака протеински шејкови, отколку конкретен ручек. За вечера има немасен оброк и чаша црвено вино, додава изворот.