Саша Ковачевиќ одговарајќи на прашањето зошто неговата девојка Зорана со месеци криеше дека се заедно за емисијата „Ексклузивно“, изјави:
„Таа е една скромна и нормална девојка, која не ги сака денешните модерни трендови, нејзе тоа не ја интересира. Мене тоа на некој начин и ми годеше, што не ја интересира јавниот свет. Не пати од тоа да биде во медиумите, да биде видена. Таа се криеше првите седум, осум месеци. Луѓето не знаеја дека сме заедно. Се појавивме првпат на отворањето на мојот ресторан“.
Саша кажа и излажа, зашто она што го кажа Ковачевиќ не се совпаѓа со вистината, за што говорат и фактите. Имено тој својот ресторан го отвори на почетокот на НОЕМВРИ минатата 2018 година…
…А заедничките фотографии со новата девојка Зорана Тасовац, која всушност е разведена жена со девојче од првиот брак, осамнаа уште во МАРТ истата година во српските медиуми, иако пошироката јавност дозна за за нивната врска уште кон крајот на август 2017 година, кога наводно Ковачевиќ на одмор во Грција, по само неколку месеци врска ја запросил Зорана!
За овие настани пишуваше, односно ги пренесе и нашиот портал.
Прашањето е зошто Ковачевиќ ја „изврте вистината“ и дали долго ја криеше врската токму заради минатото и багажот на неговата нова љубов? Како и да е, Саша кажа што кажа, ама кажа… неточно! Случајно или намерно… само тој си знае!