Радио Милева

„Јелена беше под голем стрес“: Новак Ѓоковиќ првпат проговори за односот со сопругата

„Јелена беше под голем стрес“: Новак Ѓоковиќ првпат проговори за односот со сопругата

Новак Ѓоковиќ во разговор со британскиот автор Џеј Шетију откеи детали од приватноста за кои никогаш не зборувал јавно.

-Јас не верувам дека нешто е невозможно, верувам дека се е возможно. Со својата сопруга со години бев во врска, од својата 18-та година. Тогаш почнавме да се забавуваме, таа исто така се занимаваше со тенис. Се знаевме пет години пред да почнеме да се забавуваме, потоа таа замина на студии во Милано, а помалку или повеќе, во истиот период и јас стигнав во Монако, каде се пресели мојот тренер. Милано е близу, па често доаѓаше, вели Ноле.

Тој истакнува дека неговата сопруга Јелена многу допринела за квалитетот на нивната врска и дека за многу нешта и е благодарен.

фото:инсатграм/јеленаѓоковиќ

Благодарен сум на се што направи за нашата врска да опстои. Таа ме запозна со јогата, уште во деновите кога студираше. Таа многу чита, чита се и сешто, сака да пишува, ја интересира новинарството. Се сеќавам кога бев помлад од своите родители научив како нештата да ги ставам на хартија. Тоа беше убаво, но со време исчезна. Почувствував дека на тој начин може да исфрлам многу нешта од мене, вели Новак и додава:

-Јелена учеше за тоа бидејќи беше под голем стрес додека студираше, цел ден поминуваше со книгата. Студентскиот живот не е лесен, бараше начин да се опушти, добие енергија. Не пиеше кафе и слични нешта. Ја откри јогата и ја сподели со мене, па и јас почнав да ја применувам. Тоа стана составен дел од мојот живот.

фото:инсатграм/јеленаѓоковиќ

Новак говореше и за тоа колку животот им се променил кога станале родители.

-Таа би се сложила дека кога станавме родители светот ни се преврти наопаку. Оттогаш искрено веруваме дека нашите деца се учители и тие доаѓаат во овој живот за да ни донесат порака и да ни помогнат да сфатиме многу нешта, нешта на подлабоко ниво и многу нешта кои мораме да ги правиме. Тоа е сосема спротивно на она што општеството го мисли, дека ние ги подучуваме децата, вели славниот српски тенисер.

To top