Српската старлета Сораја Вучелиќ тајно се верила во Москва за еден од најбогатите Руси. се работи е за младо момче по име Владимир, кој на српската силиконска убавица и ставил на рака прстен “Картие” од злато, обложен со дијаманти, вреден неверојатни 150.000 евра.
Сораја била со синот на руски тајкун во врска три месеци, а двајцата наводно толку се зближиле меѓусебно, што веднаш решиле да стапнат на лудиот камен.
Младиот Русин ја одвел Сораја на вечера во една од најскапите ресторани во Москва лоциран на 84. кат.
„Не би коментирала за својот приватен живот, надевајќи се дека никогаш нема да откриете за кого се работи. Вистина е дека сум вљубена во момчето кое е најубаво во светот“ – рекла кусо Сораја, поставувајќи фотографија на Инстаграм како се држат за рака со својот избраник, а на неа сите ја забележаа чудната и мистериозна тетоважа на неговата рака покрај необичниот и скап часовникот.