Пејачката Марија Шерифовиќ одржа уште еден концерт „Друга страна плоче“ и повторно го наполни Сава центар.
Таа во очи на концертот разговараше со српските новинари, а во таа прилика откри дека само една пејачка е подобра од неа. Во прашање е Ивана Петерс, вокалот групата „Негатив“ и доскорашна замена на Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“.
-Овие зборови годат, особено кога доаѓаат од еден голем пејач, вели Ивана, која дојде да ја слуша Марија како пее.
На прашањето дали е уморна од овие концерти? Марија одговара:
-Можеби малку сум… Но, немам право да бидам уморна, тоа не ми е дозволено, изјавува Марија Шерифовиќ. .