Радио Милева

„Априлили“: Јелена Спенџарска наседна на шега за нејзиниот приватен живот – еве кој успеа маестрално да ја излаже

„Априлили“: Јелена Спенџарска наседна на шега за нејзиниот приватен живот – еве кој успеа маестрално да ја излаже

Први април е „Денот на шегата“, денот кога луѓето од разни делови од светот се маскираат, се забавуваат, денот кога ќе кажеме некоја шега, лага и се тоа со „априлили“.

Најчесто тоа знаат да бидат нашите најблиски, најмили пријатели, роднини, колеги.. Кај некои успева, а кај некои не поминува шегата.

Водителката Јелена Спенџарска сепак наседна на шега и успеаа да ја излажат.

Имено, во кратките приказни на „Инстаграм стори“ таа истакна дека екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“  успеал да ја излаже дека во нивната редакција имаат експлицитни фотографии од водителката.

„Каква првоаприлиска ми направија од „Бекстејџ“, секоја чест. Ми се јавија дека имаат експлицитни фотографии од мене и дека сакат да ги објават. И јас сум свесна дека немам и дека тоа не е можно. Но, така ми го извозија филмот што се ставив во ситуација да се бранам. Браво Бекстејџ“ истакна Спенџарска.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа откри дека ова била прва нејзина лага на која наседнала во текот на вчерашниот ден.

Дали уште некој успеал да ја излаже Спенџарска не знаеме…

За потсетување, Јелена неодамна го прослави и својот роденден, па веруваме дека и по тој повод некој успеал да ја израдува и да ја направи среќна.

 

View this post on Instagram

 

Денеска не го славам само својот роденден туку и фактот што се сакам себеси повеќе од било кога! И тоа е мојот подарок!!! Ми требаше многу време да сфатам дека убавината не е само дали ми е средена косата, колку ми е мазна кожата и време да сфатам дека љубовта, во секоја форма, доаѓа кога се сакаш баш онаков каков што си. Сфатив дека си убав тогаш кога ти зрачи душата и кога секојдневно се бориш да бидеш подобар човек. Се гледам во огледало и го САКАМ она што го гледам. И внатре и од надвор.А верувајте ми, не си ги сакав ама ич колковите и белегот на левата веѓа, на ногата, постојано си наоѓав милион недостатоци. Но, една жена е убава затоа што е единствена, посебна, ранлива и знае да го покаже тоа, убава е кога ќе побара помош затоа што не може повеќе сама, кога ќе признае дека не се секогаш мажите виновни за се, убава е кога прави што и душата сака се додека не повредува некој друг со тоа. Можеби сега зборувам како old lady ? но еден ден ќе бидам и тоа. Сакам и ќе дадам се од себе максимално да уживам во стареењето ?! Среќен роденден на мене но и на сите вас. Денес сакајте се повеќе. И утре. И секој ден понатаму, ок? Ви благодарам до небото и назад за сите роденденски желби, дупло да ве стигнат сите убавини. Благодарам и на моите најсакани пријатели кои ми ја подготвија најдобрата роденденска забава ever ? Навистина,ама навистина НИКОГАШ НЕ МИ БИЛО ПОУБАВО ? ———————————————– #me #birthday #birthdaygirl #party #celebration #weekend #aboutlastnight #friends #ootn #dress

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska) on

;

To top