Лила Филиповска тргна на уште една од своите авантури. Банкарот и квизот ги остави на „стенд бај“, па реши малку да се прошета по некои места на планетава каде што до сега не била и да направи некои работи што до сега не ги правела.
Една од нив е на пример, да спие во пештера… Да, да добро читате – во вистинска пештера. До душа во оваа комодитетот е малку, не малку, туку на многу полуксузно ниво отколку што си замислувате, зошто токму хотелот во кој престојува водителката на егзотичната дестинација е сместен во пештера.
View this post on Instagram
А во неа пак, сето е супер лукс категорија… Особено џакузито, или поточно кадата, која Лила реши веднаш да ја проба. Полна со вода и пена за капење и огромен букет цвеќе во бело… за благодетите да ги почувстувава нејзиното голо тело! Камерата на таванот или можеби дронот се тука за да ја регистрираат комплетната ситуација на влажната и топла џакузи уживанција на водителката!
А кога заврши со својата бањска кура, Лила тргна на нова тура, во нова авантура по егзотичната и магична Кападокија, во централна Турција. Вулкански карпи со конусен облик и цели градови издлабено во нив за волшебен пејсаж како од бајките.
А таму мноштво туристи, меѓу кои и нашата Лила… Овој пат со својата нова другарка. Таа е малку повисока од неа и не е баш по депилирањето, ама затоа е кротка и дружељубива како ниедна досега.
И на сета таа кроткост има малку несоодветно име за наши поими. Кога ќе ја видите која е, ќе ве удри дамла… Не, нема, Дамла може само да ве дружи, како што ја дружеше Лила.
За крај, еден пештерски, пардон, хотелски бакнеж од Лила… за сите вас и се разбира, оние кои ја однесоа во волшебната Кападокија… Денес неа, утре можеби и вас!
View this post on Instagram