Радио Милева

Еве која е девојката што се трансформираше во спотот за „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст Тајм“ (фото)

Еве која е девојката што се трансформираше во спотот за „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст Тајм“ (фото)

Стефан и Мартин Филиповски, братското дуо близнаци  од македонската група „Некст тајм“ со уште една фантастична преработка ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците.

Спотот и песната на интернет каналот Јутјуб за само неколку дена добија илјадници прегледи, видеото се најде речиси на сечиј профил на социјалните мрежи, а коментарите не стивнуваат како во медиумите, така и кај публиката.

Кога е во прашање маестралната филмска изработка на спотот, браќата и овој пат го ангажираа Огнен Шапковски, но направија и одличен избор за главата протагонистка на приказната.

фото:инсатграм/иванагелева

Во „Слушам кај шумат шумите“ таа улога и припадна на актерката Ана Стојановска, во „Ја излези Ѓурѓо“ пак, главна беше одбојкарката Власта Ружинковска.

Спортистка, актерка, а сега за „Нешто ќе те питам бабо“, главна е манекнка.

фото:принтскрин/јутјуб

Станува збор за Ивана Гелева која е доста позната на македонската модна сцена.

Таа е вистински моден камелеон, па речиси да нема дизајнер кој досега не ја ангажирал за ревија или фотосесија.

фото:фејсбук/иванагелева

Мартин и Стефан и овој пат кога е во прашање кастингот за женската улога, направија одличен избор.

фото:фејсбук/иванагелева

фото:фејсбук/иванагелева
фото:фејсбук/иванагелева

https://www.youtube.com/watch?v=RzusF_BTTgg

To top