Мегафон

Хит претстава што го тресе регионот: „Индиго“ доаѓа во Скопје

Хит претстава што го тресе регионот: „Индиго“ доаѓа во Скопје

Претставата „Индиго“ во Режија на Бранислав Лечиќ и текст на Душко Премовиќ, ќе биде изведена на 13-ти април со почеток од 19:00 часот во Домот на Арм.

Во главните улоги се појавуваат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ.

Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.
После многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се бодрат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, се додека не се појави маж (Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и екс-затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи и брак.

Резервирајте ја вашата втора сабота од април и не дозволувајте да ви раскажуваат.

Билети на продажните места на mktickets и Југотон.

To top