Радио Милева

Стара трошна куќа: Ова е вистината за домот на Џогани која ја крие од јавноста

Стара трошна куќа: Ова е вистината за домот на Џогани која ја крие од јавноста

Џоле и Гаги Џогани пораснале во беда и сиромаштија во трошна куќа во ромски дел во Белград, а некои детали од нивниот живот се непознати за јавноста.

Другарот на Џоле од училишните клупи има само пофални зборови за пејачот и неговото минато.

„Џоле е мој другар. Заедно одевме на училиште. Џоле живееше со родителите, братот и сестрите. Сега таму е убава куќа за разлика од тоа кога таму живеа Џоле и Гаги. Му благодарам на Господ, мојот пријател успеа, го прошета светот, а бедата е дел од минатото“ вели тој за „Старс“ и откри уште неколку детали.

 

View this post on Instagram

 

Restoran Bosna Sarajevo #beforetheshow #djogani #show @muamer_restoran_bosna

A post shared by Djordje Djogani (@djoganivesna) on

„Џоле отсекогаш се разликуваше. Имаше специфични движења. Од овде си замина кога наполни 14 години, а Гаги тогаш беше дете.Добија стан и тогаш животот им тргна на подобро. Многу ми е драго.И не само тоа. Џоле никогаш не го заборави својот роден крај. Тој не се срами од своето минато. Ги донесуваше децата да видат каде живеел. Фин, миран, културен. Нависитна не можам да кажам ниту еден лош збор за него. Целото негово семејство е добро“ вели изворот.

To top