Пејачката Андријана Јаневска со својата нова песна „ Дај пољуби ме“ полека се пробива на хрватскиот пазар.
Таа го прифатила повикот на М.М. Вили кој е композитор и текстописец на темата на песната, додека аранжманот на Јосип Шукер, кој ги правел уште и миксот и мастерингот и се потпишува како музички продуцент заедно со композиторот, кој пак е и извршен продуцент на проектот.
Андријана предава сценско пеење на Факулетот за музичка уметност во Скопје и е вработена во Македонската опера и балет како прва виолина.
Во својата музичка кариера, Јаневска има соработувано со големи музички ѕвезди меѓу кои Влатко Стефановски и Тоше Проески.
Во интервју за хрватскиот портал 100posto.hr, македонската пејачка откри за својата музичка кариера, семејството, работата на факултет…. Иако во Хрватска не оди често, таа вели дека многу и се допаднал Загреб, се заљубила во градот на прв поглед.
„Не доаѓам често во Хрватска бидејќи имам многу работа дома, а имам и две деца. Во Загреб се заљубив на прв поглед, а следниот пат кога ќе дојдам сакам да одам на некој џез концерт“ вели Јаневска во интервјуто.
Таа раскажува дека нејзината музичка приказна започнала на мали нозе кога нејзините сакале да ја запишат во музичко училиште.
„Прво, сакав да свирам клавир, но бидејќи моите родители не беа музичари, професорите велеа да свирим виолина бидејќи немавме клавир и беше многу скап, а виолиона ми дадоа во училиштето. На почетокот не бев воодушевена, плачев, па по неколку години ме фати инат и почнав да вежбам и запишав виолина на нашиот музички факултет. Магистрирав теоретски дел – методика на музиката, а моментално го подготвувам докторат за македонскиот фолклор“ вели пејачката.
Во интервјуто таа зборува и за пријателството за нашата музичка легенда Тоше Проески кој за жал прерарно почина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска.
„Тоше го запознав во 1997 година кога првпат настапуваше на Макфест. Следна година настапувавме на Скопски фестивал и тогаш започна нашето дружење. Тој живееше во Крушево, јас во Скопје, но често доаѓаше и се дружевме. Во 1999 година имаше концерт во Скопје, па ми се јави и ме покани да настапиме во дует, бев негов единствен гост. Не знаев што ќе пееме, а се договориме на лице место. Песната не ја ни пробавме бидејќи цел ден врнеше и не можевме да направиме проба со бендот. Така да, нашиот настап беше без проба. Но, тој беше толку смирен да е невозможно покрај него да имате трема. Ја пеевме песната како да сме ја пробале 100 пати. После тоа имаше договори и многу работа во регионот“ се потсети Андријана.
Таа потенцираше дека Тоше бил поразличен од другите.
„Се издвојуваше од нас, беше многу харизматичен, сите го сакаа. Беше многу непосреден и добар, Огромна е загубата што повеќе го немаме. Македонија е мала земја и немаме многу музичари кои успеа надвор од државата, особоено после распаѓањето на СФРЈ“ изјави Јаневска.
Андријана исто така истакна дека би сакала да соработува и со хрватски музичари бидејќи Хрватска е држава полна со одлични и талентирани луѓе за музика.