Радио Милева

Холивудскиот актер Николас Кејџ се жени по четврти пат: Неговата избраничка е млада козметичарка (фото)

Холивудскиот актер Николас Кејџ се жени по четврти пат: Неговата избраничка е млада козметичарка (фото)

По помалку од една година љубов, холивудскиот актер Николас Кејџ побара дозвола за брак во Лас Вегас,  за да се ожени со помладата девојка Ерика Којки.

Двојката првпат беше видена заедно во април 2018 година во Порторико, каде што тој снимаше филм. Козметичарката и актерот оттогаш се видени неколкупати  заедно во јавност, бидејќи тие се обидуваат да го задржат својот однос подалеку од љубопитното  око на јавноста. Свадбените детали не се познати, но се знае дека оваа дозвола трае една година од одобрувањето.

Кејџ претходно беше во брак трипати. Со неговата прва жена, Патрициа Аркет, беше оженет од 1995 до 2001 година. Со Лиза Мари Присли, ќерката на легендарниот музичар Елвис Присли, се ожени во 2002 година и се разведе само 3 месеци подоцна, но разводот бил завршен само во 2004 година.

Бракот со Алис Ким траеше најдолго – од 2004 до 2016 година. Алис ја запознал во еден бар каде што работела како келнерка, а синот  Кал-Ела го добија во 2005 година.

Актерот, исто така, има го има синот Вестон со поранешната девојка Кристин Фултон, со која беше во 1988 година.

За идната сопруга на актерот не се знае многу, но фановите се надеваат дека ова ќе биде негова четврта среќа.

To top