ТВ водителката Јована Јоксимовиќ покажа дека е доследна на себе и воопшто не ја интересира што ќе кажат другите.
Иако многумина негативно ја критикуваа за тоа како се облекува за пред камери, таа повторно облече слична креација и повторно предизвика моден инцидент, кој медиумите во соседството го опишуваат како хронична состојба.
Имено, водителката на ТВ Прва се појави во утринската емисија во црно-бела секси комбинација со тантела, и самоуверено се прошета низ студиото вршејќи ја својата работа.
Мноштво коментари, особено негативни, кружат на интернет откако Јована првпат се појави во слична комбинација која ја нарекоа дека изгледа како „знак за кривина на патот“.
Ова очигледно дека е намерно продолжение, а Јована како да сака да биде во центарот на вниманието, па макар и во негативна конотација.