Откако во неколку наврати изјави дека ја „ороси“ вагината, иако тоа е нешто што многу жени подоцна признаа дека го правеле, Сузана Манчиќ повторно ја шокираше јавноста со нов, „чуден“ третман. Само што овој пат не е во прашање вагината, туку анусот!
Некогашната ТВ водителка и поранешната лото девојка открие дека сега се подложила на друг третман, а во прашање е чистење на дебелото црево.
„Во Русија, поточно во Москва, каде што бев неодамна, ова се практикува еднаш неделно. Се прави со топла вода, која се разредува со еднаква количина на кефир, што многу позитивно влијае на внатрешните органи, особено на дебелото црево, кое е исклучително чувствително. Велат дека сме стари колку што е старо и тоа и дека размената на материи е побрза, а таложењето отпад е помало, се чувствуваме подобро“ – изјавила Сузана Манчиќ.
„Ви го препорачувам хидроколонот како еден вид детоксикација“ – додава водителката.