Поранешната „спајсица“ Мел Би признава дека имала сексуален однос со гери Хорнер додека групата беше на врвот од славата. Мел Би никогаш не криела дека е бисексуалка, а во текот на снимањето на шоуто „Life Stories“ изјави дека гери има одлични гради.
-Едноставно се случи, се смеевме и тоа беше тоа“, вели за нивниот секс.
Нејзиното признание навнодно ја разлутило Гери, а извори на британските медиуми пишуваат дека потоа Мел Би телефонски и кажала на колешката што и излетала таа приказна. Наводно поради тоа побеснил сопругот на Гери, Кристиан Хорнер.
Кога станува збор за тоа што кажала за пријатеката со која беше во иста груша од 1994 до 2000 година, Мел Би не се задржала во откривање детали.
-Бевме најдобри пријателки, едноставно се случи. Гери ќе ме мрази поради ова, бидејќи денес е омилена дама на својот имот на село, но тоа е факт. Се случи и се смеевме, вели Мел Би и додава дека Гери има одлични гради, но и тоа дека секс им се случил само еднаш.