По Џони Деп, кој беше во главниот град на Србија и помина неколку недели во снимањето на филмот “Minamata”, во Белград пристигна и познатиот Даниел Крег!
Се’ уште не е позната вистинската причина за доаѓањето на Даниел во главниот град на Србија, а некои од можните причини се потрага по локација за серија на “Purity”, филмот “The Creed of Violence”, а голема е веројатноста дека е одлучено делови од новиот филм за “Џејмс Бонд” да се снимаат во оваа земја.

Да потсетиме, после детално преговори Даниел се согласи да го игра повторно популарниот таен агент 007, но ова е дефинитивно последен пат.
Британскиот актер го направи своето деби во 2006 година, како таен агент во “Казино Ројал”, а потоа и во продолженијата “Зрно утеха” (2008), “Skyfall” (2012) и “Спектар” (2015).

Според последните информации, “Бонд 25” ќе биде во режија на Кери Фукунага.
Можеби новата идеја според која Бонд се враќа во земјата од каде што потекнува и тука го завршува животот, односно ќе биде убиен, се должи на познатиот факт дека инспирацијата за тајниот агент 007, Иан Флеминг ја добил од српскиот агент Душан Попов, кој на едно време живееле во Белград по пристигнувањето од Тител.

При снимањето на претходното продолжение, “Дејли мејл” ја објави веста дека дел од филмот ќе се снима и во Србија, но ова, за жал, ова не се случи.
Фото: Profimedia/Pacific coast news