Џенифер Лопез со носи свршеничкиот прстен од Алекс Родригез, но жестоко се шират гласините за неговото неверство.
Хосе Кансеко, бејзбол играч, пред некој ден повторно се огласи на Твитер и упати јавен апел до Алекс да престане да ја изневерува Џенифер.
А сега се огласи и Зое Грегори(44), британска Плејбој зајачица. Зое тврди дека Алекс ја бомбардирал со пораки и фотографии од својот пенис.
-Џенифер е прекрасна и не заслужува да минува низ ова. Додека се подготвуваше да ја запроси, побара од мене мои секси снимки и молеше да се видиме. Не е фер од него веднаш потоа да ја запроси Џенифер, вели Зое.
Инаку, Алекс ја молел Зое да учествува во тројка со него, а таа за британските медиуми како доказ ги покажала и пораките кои и ги праќал.