Популарниот музичар призна дека фановите со причина го критикувале бидејќи во текот на третата светска турнеја во 2017 и 2018 година постојано бил несреќен и не ја давал потребната енергија.
„Се обидов да откријам што ме мачи, како и сите вие. Сега одлучив да се фокусирам на решавање на неколку длабоки психички проблеми, кои ме мачат, за да го сочувам својот брак и да бидам татко каков што сакам“ напиша Бибер на „Инстаграм“.
Во ноември претходната година, Џастин се венчаше со манекенката Хајли Болдвин.
„Музиката ми е многу важна, но ништо не може да биде пред моето семејство и моето здравје“ изјави Бибер кон крајот на 2018 година.
View this post on Instagram
„Плаќавте влезници за да си поминете незаборавно, а јас не бев емоционално способен да ви пружам малку задоволство, посебно на последната турнеја“ напиша тој и додаде дека не значи дека ќе се откаже од музиката.
„Ќе се вратам со албумот со кој ќе растурам“ истакна Џастин.