Радио Милева

На Северина не и оди во кариерата, остана без менаџерот, а сега ја напушти уште еден соработник

На Северина не и оди во кариерата, остана без менаџерот, а сега ја напушти уште еден соработник

Северина Којиќ, според пишувањето на хрватските медиуми, полека ги губи конците во својата кариера.

Имено, откако во јавноста се појави веста дека ја прекинала соработката со долгогодишниот менаџер и пријател Томица Петровиќ, уште еден член од тимот на Северина ја јапушти.

Станува збор за басистот Хенри Радановиќ кој за „24 сата.хр“ признава дека нема повеќе да настапува со Северина. Тој како што наведува медиумот, најпрвин немал коментар, а потоа потврдил дека информацијата е точна.

фото:инсатграм/северинакојиќ

-Баш сте упорни. Не сакам да зборувам, немам никаков коментар, изјавил тој, но новинарите биле упорни.

-Вистина е, нема да свирам во бендот. Моментално двајцата имаме други планови, за што разговаравме неколкупати. Работно, Северина е исклучителен професионалец, а мене лично ми е драга особа. Ние двајцата секогаш ќе бидеме пријатели, вели басистот.

Инаку, медиумот пишува дека Северина има проблеми, и пропаднаа три концерти, и откажаа адвокатите, ПР и менаџерот, а сега и басистот.

To top