Марина Туцаковиќ кон почетокот на месецот беше на последната контрола, а резултатите како што се наведува, покажале дека во нејзиниот организам скоро да нема малигни ќелии, така што Туцаковиќ е на чекор до излекување. Марина е сигурна дека вербата одиграла огромна улога и благодарна е на Бога, вели извор за српски „Скандал“, кој не ја крие радоста по повод значајното подобрување на Туцаковиќ. Ова е навистина чудо, сите сме пресреќни, почнува изворот, па продолжува:
-Кога ги доби резултатите и сфати дека малигните ќелии се повлечени, Малина занеме од среќа. За тоа секако се заслужни третманите, специјалната исхрана, многу алтернативни методи на кои се препушти, меѓутоа, марина сепак верува дека се му должи на Бога, бидејќи една нејзина блиска пријателка со месеци одеше во манастир во Белград.
-Оставаше дарови на иконите и фреските, а молеше дури седум свештеници на секоја литургија да се молат за здравјето на Марина. Тие тоа го прифатија бидејќи важи за манастир кој на секому излегува во пресрет. И самата Марина оди на литургија, но не редовно, бидејќи се уште е слаба, веројатно ќе оди само да зајакне. Сигурна е дека Бог и помогна и сега знае дека вербата е најдобриот лек за се. Сите кои патат од некоја болест им препорачува покрај лечењето да се свртат кон црквата. Благодарна е на пријателката неизмерно, бидејќи таа и го всадила односот кон религијата и ја уберина дека не смее да губи надеж, заклучува изворот за „Скандал“.