Мегафон

На 31 март детски ЗОО маскенбал во Скопје

На 31 март детски ЗОО маскенбал во Скопје

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 Април во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12.00 часот. Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина – Скопје.

To top