Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се венчаа во јуни 2014 година, а само месец дена подоцна ја добија ќерката Лорена. Иако делуваа како складен пар, на почетокот од 2018 година ја известија јавноиста дека ставаат точка на бракот.
-Причината за тоа не беше друга личност, никаква кратка врска или љубовна афера на било кој од нас двајцата, како тоа се потенцира во медиумите со непроверени и неточни информации. Чисти лаги, пишуваше во соопштението.
Набрзо двајцата продолжија со емотивниот живот: Ана со Даниел Недељкович, а Дарко со Милица Гагиќ. Српскиот пејач неодамна изненади со изјавата дека неговата, наскоро поранешна сопруга, сегашната врска ја почнала додека уште додека биле заедно во заедница.
-Мојата поранешна сопруга избра момче кого го познавам од порано. Како го познавам? Ние бевме во брак, а Ана беше и со Даниел. Така што, ме изненевруваше додека не дознав. Ништо во животот не е случајно, па така и нашиот развод. Вака се е врзано за Лорена, нашиот договор супер функционира, вели Дарко за српски „Свет“, а наскоро следеше и коментар од Ана.
-Ако мене ме прашувате што е најдобра освета, јас велам дека среќата бидејќи луѓето полудуваат кога ве гледаат среќни, порача Ана Севиќ.