Во емисијата „Watch What Happens Live“, актерката Пријанка Чопра проговори за наводната кавга меѓу неа и Меган Маркл.
Имено, шпекулациите за нивната кавга започнаа пред неколку месеци кога Меган не се појавила на свадбата на Чопра и Никс Џонсон.
Иако некои фанови тврдат дека Меган не се појавила поради бременоста, други тврдат дека има „скриени причини“.
Така еден фан ја праша Чопра во емисијата дали е во кавга со Меган, таа одговори:
„Оф, тоа воопшто не е вистина“, одговори актерката.
Освен тоа извор тврди дека Чопра секојдневно разговара со Меган и зборуваат за разни теми.
„Тоа што Меган не отиде на свадбата не значи дека не се пријателки. Напротив, секојдневно се слушаат и се во добри односи“ тврди изворот.
За потсетување, Меган Маркл наскоро треба да се породи и да стане мајка за првпат.