Андреана Чекиќ се разведе од сопругот и колегата Иван Миладиновиќ, па започна врска со оженет маж.
Откако се огласи и сопругата на нејзиниот нов партнер, проговорија и соседите на Андреана кои открија непознати детали за пејачката.
„Ја видов неколку пати, но не ја поздравив, бидејќи не се познаваме. Ја следам нејзината кариера и ми се допаѓа како пее“ изјави младо момче.
„Па, што ако е со оженет? Да му е добар бракот, нема да ја изнверува сопругата. Штом тој и Андреана заедно се појавуваат во јавност, тоа значи дека тој ќе го заврши тој брак“ вели една сосетка и додава дека новиот партнер на Чекиќ го гледала во нивното маало.
„Тој е висок, убав, црн, баш и личи. Беше тука нејзиното момче, ги видов заедно“ вели сосетката.
Од друга страна, сопругата на Марко, новото момче на Андреана истакна дека не планира никогаш да се разведе.
„Никогаш нема да се разведам“ кратко прокоментира.