Празничната атмосфера веќе ја има на големо во домот на браќата Мартин и Стфан од дуото „Некст Тајм“.
Деновиве снимаа Божиќен спот, славеа во кафеана со колегите, а исто така се посготвуваат и за настап кој им претстои за Нова година.
Познато е дека како Стефан така и неговиот брат Мартин веќе се исполнети на љубовно поле и неколку години се во врска со девојките кои им ги освоија срцата.
Овој пат Стфан на социјалната мрежа Инстаграм покажа дека и приредил оригинално изненадување на својата Пенелопа, па наместо луксузни подароци, тој се одлучил за уникатен подарок на кој таа се израдува како малечко дете, а кој не би.
Имено, Стефан во новогодишниот чорап за Пенелопа подготвил слатки подароци, од чоколадо до останати закуски, кои ја радуваат неговата сакана.
Ова е пример дека едноставноста е пред се останато, а кога љубовта ја има како во случајот – тогаш ваквите уникатни изненадувања се уште подраги!