Радио Милева расфрлани делови, запалена трева...

Ова е местото на несреќата на кое автмобилот на пејачката Гоца Божиновска излетал од патот и се запалил! (ФОТО)

Ова е местото на несреќата на кое автмобилот на пејачката Гоца Божиновска излетал од патот и се запалил! (ФОТО)

Автомобилот Форд – Фиеста, кој се води на име на пејачката Гордана Гоца Божиновска, околу 5 част утринава слетал од патот кон Сурчин во ендек, удрил во бандера, се превртел на покрив, се запалил и целосно изгорел!
Возачот избегал од местото на несреќата, а полицијата многу брзо се најде на местото на настанот, и констатирала целосна штета на автомобилот.

На местото на несреќата, во Сурчин, се уште се гледаат трагите од несреќата. Бандера е искривена, тревата, поради пожарот е целосно изгорена, а секаде се расфрлани и делови од браникот, ауспупухот, ветробранското стакло…

Да потсетиме, Гоца Божиновска  потврди дека нејзиниот автомобил бил запален, но дека тоа нема никаква врска со нејзиниот син Мирко.
„Мирко му го дал  автомобилот на другар, но никој не е повреден, а автомобилот е целосно уништен.

Мирко нема никаква врска со ова, освен што го дал автомобилот, зашто јас не му дозволувам да вози. Тој никогаш вози, него секогаш други го возат“ – изјавила Божиновска за српски Курир.

Фото: Ана Паунковиќ

To top