Победникот на годинешното 32-ро издание на фестивалот „Макфест“, штипјанецот Зоран Илиев, на социјалните мрежи го опиша своето несекојдневно искуство на кое посведочил враќајќи се од настап во Битола.
Имено, на патот кон Штип, со својот колега забележале неверојатна бела светлина на небото, за која и самите немаат објаснување.
По завршувањето на вечерашниот настап во Битола ( Клуб Расчекор ) на пат кон Штип , поточна локација Дреново , заедно со мојот колега забележавме нешто чудно …. Не знам како да го наречам , можеби е збир на некој чуден чад од околината …или можеби “неко меџу нама није наш “ Во секој случај интересно!, напиша Зоран во описот на фотографијата каде се гледа белата сенка во мракот.
Коментарите за приложеното се редеа до недоглед, а пред се повеќето беа со духовита нота, но една од неговите следбенички напиша дека и таа ја забележала појавата која исчезнала по изгревањето на сонцето.
Што ли фотографираше Зоран, веројатно ќе остане како нерешена мистерија.